Rovus Nano Air Прочистувач на воздух
Прашината во воздухот, бактериите, вирусите, поленот и спорите се невидлива закана која предизвикува иритации, алергии и болести. Сега, имајте чист воздух со новиот Rovus Nano Прочистувач на воздух. HEPA H13 филтерот, во комбинација со јонизатор, ги отстранува и најситните честички со 99.95% ефикасност, додека UV сијалицата ги уништува микроорганизмите при контакт. Одличен за простории до 60 м2.
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Кратко инфо
-
Прашината во воздухот, бактериите, вирусите, поленот и спорите се невидлива закана која предизвикува иритации, алергии и болести. Сега, имајте чист воздух со новиот Rovus Nano Прочистувач на воздух. HEPA H13 филтерот, во комбинација со јонизатор, ги отстранува и најситните честички со 99.95% ефикасност, додека UV сијалицата ги уништува микроорганизмите при контакт. Одличен за простории до 60 м2.
Дознајте повеќе - Детали за производот
-
Исчистете го воздухот кој го дишете, дома или во канцеларија
Дури иако воздухот изгледа чист, тој содржи невидливи честички кои можат да предизвикаат иритации, алергии или болести. Сега, можете брзо и лесно да ги отстраните прашината, бактериите, вирусите, поленот, спорите и повеќе, од воздухот кој го дишете, со новиот неверојатен Rovus Nano Прочистувач на воздух.
Со четири начини до почист воздух
Прочистувачот на воздух користи четири различни технологии за да ви ја овозможи најдобрата моќ на чистењето во ефикасно, привлечно и достапно пакување. Овие четири системи работат заедно за да го исчистат воздухот и да ви обезбедат поздрава, побезбедна и попријатна средина во домот.
1. HEPA филтер
Висококвалитетен HEPA H13 филтер кој ги заробува дури и најситните нано честички, дури и PM 2.5 честички и го чисти воздухот до 99.95% ефикасност. Филтерот има специјален антибактериски третман кој го одржува свеж и безбеден од микроби.
2. Јонизатор
Јонизаторот создава негативни јони со помош на електрицитет и ги испушта во воздухот. Овие негативни јони се спојуваат со позитивни честички во собата, како прашина, бактерии, полен, чад и други алергени и ги отстрануваат од воздухот.
3. UV-C сијалица
UV-C сијалицата ги уништува честичките при контакт и особено е ефикасна против микроорганизми како бактерии, вируси и спори на мувла.
4. Пред-филтер со јаглен
Пред-филтер со активен јаглен кој има цел да ги елиминира непријатните мириси, да го неутрализира чадот, мирисот од готвење и мириси од миленици. Исто така, апсорбира формалдехид, испарливи органски соединенија и други штетни гасови.
Доволно моќен за домот и канцеларијата
Прочистувачот на воздух е еден од најмоќните модели за домот на пазарот. Има CADR (стапка на испорака на чист воздух) од 470м³/час и се препорачува за простории до 60 м2. Ова го прави идеален за користење во канцеларија или во домот, каде и да сакате да поминете подолго време внатре и да уживате во предностите на посвеж и почист воздух.
Прашина, полен, првут и други честички кои се наоѓаат во воздухот може да предизвикаат долгорочни последици со дишењето. Со овој прочистувач, вие ги заштитувате вашите бели дробови.
Комбинацијата на моќна филтрација, UV-C сијалица и јонизатор ги заробува и неутрализира бактериите во воздухот.
Имате милениче кои испушта првут, крзно и алергени? Прочистувачот ќе ги зароби пред да се сместат во домот.
Ако имате пушач во домот, прочистувачот ќе го неутрализира чадот пред тој да навлезе во мебелот.
Се прилагодува и лесно се користи
4-во-1 моќта на чистење на прочистувачот е лесна за контролирање и прилагодување според вашите лични потреби
360 степени циркулација на воздух
Овој дизајн на кула овозможува да го сместите секаде и тој ефикасно да ја зголеми стапката на размена на воздух кој влегува и излегува од прочистувачот, обезбедувајќи ви свеж и здрав воздух.
Сензор за PM 2.5 честички
Со овој сензор ќе можете да ја измерите загаденоста на воздухот во собата. Контролирајте ја брзината на дување на прочистувачот според тоа колкаво е загадувањето.
Различни режими
Можете да изберете помеѓу 4-те брзини на дување, во зависност од квалитетот на воздухот, и автоматски режим. Уживајте во одморот или сонот додека вашиот прочистувач работи да го одржи воздухот чист и свеж.
Екран за квалитет на воздух
Три различни бои го означуваат квалитетот на воздухот. Сина за добар квалитет, виолетова за зголемено ниво на PM 2.5 честички и црвена за загадена средина.