Од кауч на тркачка патека. Ти можеш!
Зошто треба да почнете со трчање?
Затоа што наеднаш прескокнувате многу пречки и сте поблиску до вашата цел!
- Време: Трчањето не бара да се прилагодите на конкретна временска рамка претходно определена од страна на фитнес центрите!
- Простор: Можете да трчате секаде: низ градот, на одмор, на службени патувања...
- Временски услови: Лошото време е само лош изговор. Можете да ја проверувате временската прогноза однапред и многу едноставно да си го определите времето за трчање.
- Дружење: Дали имате чувство дека не можете да се видите со пријателите затоа што времето ви е резервирано за трчање? Без грижи! Убедете ги и нив да почнат да трчаат и ќе имате можност да поминувате повеќе време заедно. Исто така, додека трчате децата можат да бидат со вас и да возат велосипед или ролери.
- Финансии: Трчањето е спорт кој не го оптоварува дополнително вашиот семен буџет.
- Возраст: Во трчањето не постојат возрасни граници. Никогаш не е доцна да почнете.
Кои се позитивните страни на трчањето?
- Го подобрува вашето здравје, го намалува стресот и ја зголемува креативноста!
- Се полните со енергија!
- Ги зајакнувате мускулите, согорувате калории.
- Запознавате нови луѓе со слични интереси!
- Одењето и трчањето ги намалуваат знаците на депресија и вознемиреност, се чувствувате смирени, релаксирани и среќни.
- Трчањето го зајакнува имунитетот и има позитивно влијание на кардиоваскуларниот систем.