Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

Ослабете со зимско пешачење

Постои некое непишано правило по кое се водат најголем дел од луѓето, кое вели дека зимскиот период треба да биде време кога сите се здебелуваат.

Постои некое непишано правило по кое се водат најголем дел од луѓето, кое вели дека зимскиот период треба да биде време кога сите се здебелуваат. Но, последните истражувања покажаа дека јојо диетите се лоши за срцето, па затоа, ако имате потешкотии со одржувањето на нормалната тежина, искористете ја и зимата за слабеење, со наједноставната форма на вежбање – пешачењето. Прошетка против стрес

Во денешниот хаотичен свет, кога сме соочени со балансирање на работата, семејството, грижата за домот, патувањата и што уште не, стресот е постојано на високо ниво. Секогаш кога ќе се изнервирате излезете на чист воздух. Не само што ќе се смирите, туку и ќе имате корист од физичката активност, во насока на намалување на телесната тежина. Прошетка за транспорт

Кога ќе одите на новогодишна забава или пак на гости кај роднините, наместо да викате такси, излезете и одете пеш. Ако е премногу далеку, тогаш качете се на автобус или одете со такси, но симнете се порано. Дури и кратката прошетка ќе ви го подобри расположението и ќе ви ја направи престојната забава многу попријатна. Снежна прошетка

Кога ќе падне снег, излезете надвор и прошетајте низ соседството. Уживајте во совршеното белило, во беспрекорната тишина и добијте дополнителен тренинг за листовите пешачејќи по угорнина. Мини прошетка

Во деновите кога немате доволно време и не можете да вметнете прошетка од 45 минути, излезете на 15 минути и забрзајте го темпото. Ефектите ќе бидат приближно исти, а метаболизмот ќе добие побрзо темпо, што ќе го задржи уште неколку часа. Прошетка кога немате време

Кога навистина немате време за прошетка, искористете еден модерен трик – наместо да излезете да шетате, направете повеќе кратки паузи во текот на работниот ден и одете до тоалетот, до кујната, до колегите (наместо да им се јавувате по телефон) итн.