Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

Победете во битката со килограмите

Битката со килограмите не мора да трае вечно, а Вие можете да победите. Единственото нешто што е неопходно е решеноста. Прочитајте како најбргу да стигнете до својата цел.

Сфатете дека диетите не помагаат на долг рок

Се обидувате да јадете помалку, но наместо да слабеете, се здебелувате? Секако, делумно ова се должи на процесот на стареење, но во голем дел, проблемот лежи во оштетувањето на метаболизмот што сте го предизвикале со сите непотребни „брзи“ и „чудотворни“ диети. Ниту една диета нема да Ви донесе магични резултати. Ако сакате на долг рок да ја намалите телесната тежина, тогаш мора да направите мали, но значајни промени во животниот стил.

Фокусирајте се на фитнес, не на виткост

Наместо да се фокусирате на тоа кој конфекциски број Ви одговара, фокусирајте се на нешто многу поважно – Вашето здравје. Луѓето што имаат малку покачена телесна тежина и имаат одлична физичка кондиција се многу поздрави отколку луѓето што немаат масни наслаги по телото, но никогаш не вежбаат. Секако, добрата физичка кондиција потоа повлекува и затегнување на целото тело, што ќе направи да изгледате многу посекси.

Спријателете се со храната

Запомнете, за да ја намалите телесната тежина, не мора да јадете храна без вкус. Ако го правите тоа, за кусо време ќе Ви здодее и ќе се вратите на старите навики. Трикот е во тоа да ја задржите нормалната исхрана, да не се откажувате од ништо, но нештата што ги јадете правилно да се искомбинираат и да се подеси количината на храната.

Започнете со ситни чекори

Една од најголемите грешки што луѓето ја прават кога се обидуваат да ја намалат телесната тежина е одењето во екстреми. Треба да си ги знаете и почитувате границите. Без разлика дали се работи за намалување на количината на храната или пак вежбање, мора да Ви биде јасно дека не можете да почнете од средината. Првите чекори се секогаш ситни, а клучот е во постојаноста. Процесот на здраво слабеење трае од неколку месеци до една година.

Престанете да се опседнувате со тежината

Опсесијата со диети и тежина не само што ќе создаде контра ефект, туку многу веројатно ќе има негативен ефект и на Вашата самодоверба. Причината за ова е што кога сте соочени со зголемени нивоа на стрес, еден од одбранбените механизми на организмот е складирање енергија во форма на масни наслаги. Работете на својот изглед, но и опуштете се, за побрзо да стигнете до целта.