Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

8 причини зошто да вежбате на отворено

Вежбањето е важно без разлика на локацијата, но летото веќе е на прагот и треба да размислите тренинзите да ги префрлите на отворено. Прочитајте зошто.

1. Бесплатно

За вежбање на отворено не се потребни пари. Доколку членувате во теретана, размислете за правење пауза, за да заштедите пари.

2. Еколошки

Вежбањето на отворено не само што е бесплатно, туку со него не се троши ни електрична енергија. Единствената енергија што е потребна е Вашата.

3. Чист воздух

Многу бацили можат да се задржат во просториите во коишто вежбате, без разлика колку ги проветрувате. Од друга страна, кога вежбате на отворено, дишете воздух полн со свеж кислород, кој Ви дава дополнителна енергија и Ви го разбиструва мозокот. Доколку сте во можност, вежбајте во позелени предели, за да ги избегнете издувните гасови и загадениот воздух.

4. Витамин Д

Човечкиот организам ги добива потребните количини витамин Д преку изложеност на сонце. Кога вежбате на отворено, му овозможувате на организмот да ја апсорбира потребната дневна доза.

5. Различен терен

Кога вежбате на отворено, постојано има нешто што Ви го одвлекува вниманието и на тој начин времето и болката побргу поминуваат.

6. Социјализација

Потоплото време е одличен изговор за социјализација со другите луѓе што вежбаат. Во овој период од годината постојат бројни групни спортски активности во коишто можете да се вклучите.

7. Помалку изговори

Кардио вежбите на отворено бараат да поминете одредена далечина. Со тоа се намалува веројатноста да се откажете, како што е случајот кога вежбате на кардио справите во Вашиот дом.

8. Помалку опрема

За вежбање на отворено во зима потребно е многу облека, за да се чувствувате удобно. Во топлите месеци, облеката што ја носите на себе е минимална.