Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

Со велосипед до подобар изглед

Со возењето велосипед можете да влезете во добра форма и да согорувате преку 500 калории на час, но секогаш можете да извлечете повеќе од оваа одлична кардиоваскуларна вежба. Прочитајте како да стигнете до целта, чекор по чекор.

Со возењето велосипед можете да влезете во добра форма и да согорувате преку 500 калории на час, но секогаш можете да извлечете повеќе од оваа одлична кардиоваскуларна вежба. Прочитајте како да стигнете до целта, чекор по чекор.

Проверете го велосипедот

Однесете го велосипедот на сервис, за да го проверат до најмалиот детаљ. Обично оваа услуга не чини многу пари, а е особено важна доколку велосипедот Ви бил гаражиран подолго време, приближно 6 месеци или повеќе. Ако нешто не е во ред, тие ќе го поправат, со што ќе ги избегнете проблемите и евентуалните повреди.

Внимавајте на безбедноста

Ако возите во град, секогаш следете ги сообраќајните правила и прописи, за да не се доведете во опасност. Исто така внимавајте на паркираните автомобили – некој може ненадејно да отвори врата, па затоа одминувајте ги пошироко. Секогаш носете кацига (што го покрива и челото), некаква идентификација и телефон.

Подобри резултати преку подобра техника

За да постигнете поголеми брзини и поголема моќност при возењето на велосипедот, треба да ја усовршите техниката на вртење на педалите. Обидете се да туркате и да повлекувате во непрекинато кружно движење. Ова вклучува повеќе мускули и со тоа го подобрува изгледот на нозете.

Уште подобро вртење

За да развиете поголема брзина со текот на времето, обидете се со оваа вежба. Загрејте се со лесно вртење во првиот километар (или 15 минути), потоа префрлете на потешка брзина од 7 до 10 минути, потоа на средна брзина уште 5 до 7 минути, а потоа повторете го целиот циклус.

Возете во друштво

Самостојното возење може лесно да Ви здодее, а доколку се соочите со таков проблем, најдете си друштво. Кога знаете дека имате поддршка од некого, ќе Ви биде многу полесно да ги издржите напорните возења.

Одржете ја фигурата со возење

Возењето велосипед само два до три часа неделно е доволно за да спречи покачување на телесната тежина. Доколку целта Ви е да ја намалите телесната тежина, тогаш зголемете го времето поминато во возење.